Два златни, два сребрени и еден бронзен медал за борачите на „7 Мај Леов“ од Прилеп на Меѓународниот турнир во борење „Победник 2016“ во Белград-Србија.
Златни медали освоија Барбара Стојкоска кој во четири борби забележа исто толку победи, додека Леонардо Насески до првото место дојде со една победа.
Аце Стојкоски со три победи во четири меча и Петар Насески со 2 победи од 4 борби ги освоија сребрените медали, а Марјан Мимичкоски бронзениот со 1 победа во четири борби.
Стефан Стојаноски иако не освои медал прикажа добри борби.
Ipon.mk/В.Д.