Пешко на олимпискиот турнир во борење: Рамазанов направи сензација, несудениот Македонец Куруглиев освои бронза за Грција

Тренерот на Вардар, Љубиша Пешко, го следеше турнирот во борење на Олимписките игри во Париз, при што направи мал осврт на настапот на некои борачи и борачки, а некои се сликаа со неговото семејство.

„Магомед Рамазанов (86 кг) од Бугарија направи сензација победувајќи ги убедливо сите противници, во финалето дури и светската ѕвезда и фаворитот Хасан Јазданицјарати (Иран).

Пешко, Рамазнов …

Несудениот Македонец, поради погрешната одлука на раководството на БФРСМ се бори за Грција и за 2 години им донесе 2 европски титули и олимписка бронза, Даурен Куруглиев, инаку учхеник на потпретседателот на БК Вардар – Гајдар Гајдаров“, вели Пешко и додава:

Цигуми Сакурај (Јапонија)
Анасттасија Никита (Молдавија)

„Финалистките на 57 кг во женско боренје Цигуми Сакурај (Јапонија) и Анастасија Никита (Молдавија), сребрениот во слободенстил 57 кг Спенсер Ли (САД). Сите најдоа време да излезат од кругот на заштитната зона и да дојдат да се сликаат со моето семејство.

Рамазан Рамазанов и Емили

Олимписките ѕвезди, сепак се хумани и избрани луѓе од народот, претставувајќи и, голем восхит за ќерка ми Емили Анна, која неуморно ги следеше и навиваше за борачите“.

Рамазан Рамазанов, Гајдар Гајдаров, Даурен Кургулиев и Емили

Пешко вели дека атмосферата во салата била неопислива.

„Се едно, кој за кого навиваше, победниците беа проследувани со овации и аплаузи! Самото присуство на Олимпијадата во Париз 2024 даваше чувство на лебдење, задоволство и радост, опкружени со милиони посетители од целиот свет“, истакнува Пешко!

Спенсер Ли (САД) и Емили Анна

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON