Конор Мек Грегор се повлече од борбата со Мајкл Чендлер поради скршеница на палецот. Алекс Переира со ваква повреда влезе во последната борба и победи. Сепак, Бразилецот нема намера погрешно да го процени односот на Ирецот и неговите одлуки. Мек Грегор требаше да се бори со Чендлер на УФЦ 303 овој викенд.
На крајот Ирецот отпадна од борбата поради скршеница на малиот прст на ногата, а новиот главен настан беше борбата меѓу Алекс Переира и Јиржи Прохаска. Во интервју за ЕСПН Переира, кој во борбата против Џамхал Хил влезе со скршен прст, рече:
„Не можам да го судам пристапот на Конор Мек Грегор кон борбата, без разлика дали тој сака да се бори или не. Тој е во момент од животот кога финансиски е добро. Можеби, ако јас бев во иста ситуација како него, би го направил истото .Значи, тешко е да се суди за овој случај.Тешко е да се бориш со скршен палец.Тоа е ризична ситуација и тешка одлука.
Јас самиот имав скршен прст пред последната борба, а при борбата го скршив и вториот. Можеби ако го скршев другиот прст пред борбата, немаше да можам да се борам. Така што е тешко да се суди, но на крајот ја донесов вистинската одлука“.