Пречекот на каратистите по историскиот успех на ЕП (ФОТО)

Precek na karatistite od EP 2016 Kipar

Синоќа на каратистите им беше приререден достоен пречек во Скопје кај Зоолошката градина по освојувањето на историските шест медали на Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година.

Abdurahim go dava medalot na majka mu

Многу родители, роднини, пријатели и клупски другари ги пречекаа носителите на медалите: Абдурахим Идризи, Моника Пендаровска, Азиз Исмаил, Столе Смилковски и Петар Спасеновски. Женскиот ката тим – Маријана и Мишела Димоски и Киријана Камческа се смина во Неготино и продолжи за Прилеп.

sampioni so sampioni Aziz iPetar so Martin

Многу емоции, радост, среќа и по некоја солза радосница. А носителот на сребрениот медал Абдурахим Идризи, како што вети во Ipon.mk, го поклони медалот на мајка му за роденденот,  која нешто такво не очекуваше.

Slavenicka torta na Abdurahim

Денес во КК Макпетрол имаше поесебен пречек на медалистите Идризи и Пендаровска, а утре прослави се подготвуваат во КК Металург за Исмаил и Спасеновски, во Олимпик спорт за Столе Смилковски и во КК Ронин за ката тимот, Маријана, Мишела и Киријана.

Ronin proslava na medalot od EP 2016

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON