ММА легендата Жорж Сент Пјер ужива во пензионирањето од боречите вештини и воопшто не планира да се врати во УФЦ.
„Јас сум најсреќната личност во светот и никогаш не би се предомислил“, изјави Сент Пјер за ЕСПН. „Не би се вратил на мојата стара рутина – јас го правам тоа толку долго. Ја немам истата мотивација како порано“.
Канаѓанецот се повлече од мешани боречки вештини во 2019 година со скор 26-2 и кариера од над 15 години. Неговата последна победа беше над Мајкл Биспинг во УФЦ 217 во 2017 година.
„Да се вратам, тоа ќе биде пресврт за 180 степени во мојот живот. Нема да ми треба многу време за да влезам во форма за двобој, се уште можам да го сторам тоа … но едноставно не знам дали сакам“.
38-годишниот ветеран изјави дека ужива во релаксирањето по борбечката кариера и стресот од подготовкире пред борбата воопшто не му недостасува.
„Понекогаш кога сум во сала и гледам дуел, се возбудувам и велам„ човече, можам да го победам“, но потоа се будам следното утро и не сакам да имам никаква врска со тој стресен начин на живот“.