Пензионираниот Кенеди посака граплинг меч со Федор и со БЏЏ легендата

Tim Kenedi

Тим Кенеди заврши ММА кариерата и во текот на вчерашниот ден со подолг текст се опрости од спортот во кој ги помина последните 15 години.

Како што порано најави, поранешниот УФЦ-овец ќе ја продолжи својата работа како член на Здружението MMAA (Мешани боречки вештини спорстка асоцијација)  и ќе се бори за поголеми права, како за активните борци така и за идните генерации.

Но освен спонатите борби, намерата на Тим е да остане активен и во спортот, а новите предизвици може да ги најде во неколку интересни граплинг пресметки.

„Ќе бидам борец до смртта. И понатаму ќе бидам конкурентен. Сакам да се борам со Федор во супер борба на граплинг натпреварување. Сакам реванш и со Рожер (Грејси- н.з.), но овој пат во ГИ, така што тој има шанси. Не сум готов, само борбите кои имам намера да ги изберам ќе бидат позначајни и ќе имаат повеќе смисла“, рече Кенеди во гостувањето на ММА час.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON