Денес во Студеничани се одржа Меѓународен турнир во традиционално борење – пеливанско на кој победија Мухамед Весели од Студеничани во прва рака (втор и трет Имдат Ертал и Метин К’лч од Турција), потоа Матин Рамадани (Лирија) во трета рака (2. Стојанчо Данилов 3. Садик Таири), Бислим Муртезани во четврта рака (2. Неат емини 3. Басри Јусуфи)и во пета Фуркан Јаја (2. Шабан Исмаили 3. Фати Вејсели).
Настапија натпреварувачи од Македонија, Турција и Бугарија.
Во втора рака не се одржаа борби. Да потсетиме дека прва рака, втора рака, се всушност тежински категории.
Турнирот го следеа околу 5.000 гледачи, а имаше угледни гости и од странство, односно градоначалник на едно помало место Алтун бај до Бурса, како и заменик градоначалникот на овој голем град во Турција.
И политичарите беа дел од овој голем турнир, како потпретседателот на владата Владимир Пешевски, државниот секретар во Министерството за култура, Беџихудин Шехади, претседателот на ДПА, Медух Тачи, гости од Хрвтаска, легендата на македонското и светското борење, Шабан Трстена и други.
ipon.mk/В.Д.