Клубот за пеливанско борење Гризли од Штип забележа успех на Меѓународниот пеливански турнир во Призрен, Косово, освојувајќи две втори места.
Стефан Штерјов во категорија 2 рака освои сребрен медал, додека Теодор Ѓоргиев во баш-пеливан беше поразен од домаќинот Сулјеман Шаља кој е неприкосновен во Косово.
На турнирот настапија пеливани од Косово, Албанија, Македонија и Турција.
Екипата ја водеше селекторот на македонската репрезентација Бобан Данов.