Павлов: Продолжувам со успесите, целта ми се Олимписките игри!

Во Агенцијата за млади и спорт се одржа прес-конференција по повод освојувањето на бронзениот медал на Емил Павлов на Европското карате првенство за сениори во Гвадалахара- Шпанија.

„Успешниот настап на нашите каратисти е уште еден доказ за нагорната линија по која оди спортот во држава, но и потврда дека каратето е спорт од кој најмногу очекуваме, и спорт кој ги подига спортските стандарди. Патеката по која се движат нашите каратисти води кон Токио. Искрено се надевам дека истата успешно ќе ја поминеме, со заеднички залагања“ , истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски.

Носителот на медалот раскажа како стигнал до медало и за неправдата што му беше нанесена во полуфиналето.

„Континуитетот на остварување на медали од европските првенства е мотивација плус кон остварување на мојата животна желба, а тоа е пласман на Олимписките игри во Токио 2020 година. Моето учество на Европските игри во Минск, Белорусија, ќе го трасираат мојот пат кон Токио. Јас искрено се надевам дека ќе го поминам“, изјави Павлов и додаде дека неговиот успех се должи на еден огромен тим составен од личен, кондиционен тренер, селектор, федерација која стои зад него, како и МОК и Агенцијата за млади и спорт, без кои не е можно да се оди во нагорна линија.

„Ова ЕП доста успешно за мене, имав добар настап, пет борби, четири победи и еден незаслужен пораз. Од овој меч можам да бидам само посилен, потоа се борев за бронзата со натпреварувач со Романија. Почнав лошо, но успеав да ја свртам борбата во своја полза. Ова е четврти медал за мене од ЕП и драго ми е што продолжив на големи резултати на континенталните турнири. Сакам да им се заблагодарам на сите кои се заслужни за овој мој успех. Ова е голема мотивација за мане, да работам напорно и се надевам дека годинава ќе постигнам што поголеми резултати и да стигнам до таа олимписка норма, што би било најголем резултат за мене“, рече Павлов.

Тренерот на репрезентацијата во борби Саршо Арсовски истакна дека е задоволен од успехот и дека бронзениот медал е златен, затоа што судиите го оштетиле во полуфиналето. Арсовски верува дека Емил ќе израдува уште многу пати, а најпрво на Европските игри, од каде што треба да го трасира патот за Токио.

„Да не беше таа неправда во полуфиналето, мислам дека ќе се боревме за злато, но бронзата на Павлов за мене сјае златно“, изјави Арсовски кој е задоволен од настапот на Берат Јакупи и на Наташа Стефановска. Тој очекува макиот тим на наредното европско или светско првенство да освои медал.

Пуликсенија Јованоска е задоволна од петото место во кати, но не и од судиската правда.

„Се вратив на големата сцена по тешката повреда што ја имав и целиот акцент го ставив на ова Европско првенство. Мислам дека имав добар настап, но можеше и подобро“, изјави Пуликсенија Јовановска, која по втор пат го освои петото место во кати на европските првенства.

„Се надевам дека на наредното европско или светско првенство ќе донесам медал во Македонија во поединечна конкуренција“, рече Јованоска.

Тренерот во кати Стојан Андриевски истакна дека пред одењето ветиле добри резултати и дека тоа го оствариле. И тој не е задоволен од судењето и вели дека ако било пообјективно Пуликсенија ќе се вратела со бронзен медал. Сепак, Андриевски верува во Пуликсенија дека од наредното првенство ќе донесе медал. Таа има шанса да обезбеди и место за Европските игри во јуни ако во овој период направи добри резултати.

Тренерот на репрезентацијата е задоволен и од настапот на Ферри Исиќ и смета дека и тој има потенцијал за поголемо  остварување.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON