Патрис Евра му се обрати на Хабиб да го тренира за неговото деби во ММА

Пред неколку дена беше објавено дека фудбалската легенда на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра, ќе го има своето деби во ММА.

43-годишниот поранешен сенегалски фудбалер потпиша со ПФЛ ММА лигата. Тој се подготвува за дебито, кое ќе се одржи на 23 мај во „Акор арена“ во Франција. Борбата ќе биде аматерска, а противникот на Евра сè уште не е објавен. Евра тренирал со легендата на кикбоксот Седрик Думбе додека се подготвува да се пресели во ПФЛ Смарт кејџ.

Патрис очигледно е близок со ММА легендата Хабиб Нурмагомедов, кого го повикал да го тренира за ММА. Првично, Хабиб му рекол дека не му требаат борби бидејќи самиот Дагестанец ќе се бори за него. Подоцна во разговорот, „Орелот“ изјави дека со задоволство би му помогнал на Евра во неговиот камп:

„Брате, конечно јави ми се. Зошто не се јавуваш кога те викам? Брате, не ти треба ова. Зошто тренираш? Ако треба да се бориш, тогаш јас ќе се борам за тебе. Јас сум во Дубаи. Ти кажав многу пати да ми пратиш локација и јас ќе те најдам. Ќе те научам како да ги смачкаш луѓето. Брате, кога ќе се сретнеме, мора да бидеш подготвен. Јас ќе се погрижам за останатото. Се надевам дека ќе ми пратиш локација и ќе тренираме заедно“, рече Хабиб во разговорот со Евра.

Ќе видиме кој ќе биде противник на Евра. Веројатно ќе го објават за неколку дена.

https://twitter.com/ChampRDS/status/1916893476479734149

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON