Во неделата што измина Карате клубот Партизан од Штип на „Иппон купот“ во Лесковац, Србија, освои 4 златни медали, 6 сребрени и 13 бронзени.
Тренерот на Партизан, Миланчо Черкезов вели дека тоа е одличен резултат, бидејќи е постигнат во конкуренција на 880 натпреварувачи од 92 клуба од балканските простори.
Златни медали освоија:
-Леонид Трајков – јуниори, -60кг,
-Мелани Митевска – помлада кадетка, + 40кг,
-сениорки, борби екипно (Симона Златева, Тамара Доневска, Катерина Ивановска и Стефанија Златева)
-помлади кадетки, борби екипно (Марија Манева, Надица Митевска, Катерина Ивановска и Мелани Митевска).
Сребрени:
– Леонид Трајков – постари јуниори, -70 кг,
– Трајче Јорданов – кадети, -60 кг,
– Катерина Ивановска – помлада кадетка, +50 кг,
– Надица Митевска – помлада кадетка, -40 кг,
– пионери, борби екипно (Ивановски, Дамјан, Андонов, Матеј Ѓорѓиев и Стефан Манев)
– јуниори, борби екипно (Леонид Трајков, Живко Костадинов, Трајче Јорданов и Стефан Митевски).
Бронзи:
– Михаил Кочубов – сениори, -70 кг,
– Ристе Гиев – сениори, -60 кг,
– Симона Златева – сениорки, -55 кг,
– Тамара Доневска – сениорки, -60 кг,
– Андреј Ѓорѓиев – постари јуниори, +70 кг,
– Живко Костадинов – кадети, -45 кг,
– Марија Манева – помлада кадетка, -50 кг,
– Стефан Манев – пионер кати поединечно,
– Павел Симонов – помлад кадет кати поединечно,
– Лина Ефтимова – пионерки кати поединечно,
– Елена Устичкова – помлада кадетка кати поединечно,
– сениори борби екипно (Михаил Кочубов, Ристе Гиев, Леонид Трајков и Андреј Ѓорѓиев,
– помлади кадети, борби екипно (Панче Захариев, Љупчо Ценовски, Павел Симонов и Стефан Манев).
Најуспешен натпреварувач на КК партизан е Леонид Трајков со четири освоени медали – 1 златен, 2 сребрени и 1 бронзен.
Ipon.mk/В.Д.