Паркинсовата болест на Али не му била од боксот

Паркинсовата болест на Мохамед Али не му била од боксот. Ова го вели д- р Абрахам Либерман, кој е директор на специјализираната клиника „Мохамед Али Паркинсов центар“. Долги години се сметаше дека болеста е резултат од тешката кариера на легендата, особено од борбите со Џорџ Форман и Џо Фрејзер. Во нив Али прими многу тешки удари во главата.

muhammad-ali„Дури во последните 10 години Мохамед има проблеми со одењето“ – објасни докторот.

– Развојот на болеста е како кај нормалните луѓе кои ја имаат паркинсоновата болест. Ако ги погледнете резултатите од мозочниот скенер, сликата е добра. Не може да се каже дека болеста е резултат од неговата боксерска кариера. Можам да ви дадам и пример со Џорџ Форман, кој боксира многу подолго од Али и во моментов продолжува да ги продава своите вештини по готвење на телевизија. Али има типично паркинсова болест. Дали боксот придонел за неа? Не знам“.

Паркинсовата болест кај Мохамед Али беше дијагностициран во 1984 година, три години по завршувањето на неговата боксерска кариера.

„30 години се доста долг период за вакво заболување – додаде тренерот, при што нагласи дека во моментов тој е со добар дух, иако има проблеми со движењето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON