Џозеф Паркер го победи Дерек Чисора во реваншот во Манчестер. Судиите на рингот досудија победа за Новозеланѓанецот со резултат 114-112, 115-111 и 115-110 по дванаесет рунди.
Поранешниот конкурент за светска титула Дерек Чисора беше соборен три пати, но сепак се бореше до крај и се покажа повеќе од достојно. Секој пат кога Англичанецот се тресеше, тој го потпираше грбот на јажињата и го покануваше Паркер, но тој знаеше дека тоа е стапица.
„Тој е тежок борец. Навистина, тоа беше добро продолжение на нашата прва битка. До крајот не престана да напаѓа. Се чувствував подобро на овој меч. Знаев дека треба да почнам силно од самиот почеток. Го следев мојот план колку што можев, но како што можете да видите, треба да подобрам некои работи во мојата борба“, изјави Паркер веднаш по битката.
BIG RIGHT HAND FROM PARKER EARLY 💥#ParkerChisora2 pic.twitter.com/2hWwYeEID0
— DAZN Boxing (@DAZNBoxing) December 18, 2021
HUGE SHOTS THROWN IN ROUND 2 #ParkerChisora2 pic.twitter.com/Fet5xDTGiq
— DAZN Boxing (@DAZNBoxing) December 18, 2021
„Тоа беше брилијантен меч. Дерек Чисора не е човек. Не знам како оваа битка стигна до последниот рунда! Ова е огромна победа за Паркер. Чисора едноставно не се откажува. Ова е најтешкиот спорт на светот и овие двајца навистина заслужуваат почит“, изјави боксерскиот промотор Еди Херн по мечот.
WHAT A TURN AROUND 🤯🤯🤯 pic.twitter.com/0XXJKAB7FR
— DAZN Boxing (@DAZNBoxing) December 18, 2021
DEREK CHISORA 🤯😍 pic.twitter.com/alhtYI7d6r
— DAZN Boxing (@DAZNBoxing) December 18, 2021
Херн додаде дека Паркер сака уште еден обид за освојување на светска титула, но ќе мора да се построи во редот.
„Можеби елиминациски меч со Филип Хрговиќ за титулата во ИБФ. Кариерата на Паркер е во полн ек. Тоа беше брилијантен крај на 2021 година“, додаде боксерскиот експерт.