Паола Арсовска прва таеквондо репрезентативка од Штип, ќе настапи на ЕП

Најмладиот таеквондо клуб во Македонската таеквондо федерација ТК Штип ја има и првата репрезентативка во овој олимписк спорт, Паола Арсовска.

Арсовска ќе настапи на Европското првенство за кадети од 7 до 9 ноември во Тирана-Албанија. Паола ќе бори во категорија -47 килограми.

„Ова е голем предизвик за градот Штип, бидејќи за прв пат од неодамна формираниот клуб имаме репрезентативка. Тоа се должи благодарение на напорната работа на тренерите Жарко Арсовски, Мартин Петров и Сашко Арсовски“, велат од ТК Штип.

Фото: Илустрација

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО