Пакијао успешно опериран, пропаѓа можноста за реванш меч со Мејведер!

pakijao operiran

Филипинскиот боксер Мани Пакијао успешно го оперирал десното рамо неколку дена по поразот од Флојд Мејведер, пренесува Ројтерс. Така што пропаѓа можноста за реванш меч со Флојд Мејведер, кој го понуди Американецот.

Хирургот Нил Елатраш изјави дека операцијата поминала во најдобар ред и дека се очекува 38-годишниот боксер да се опорави во потполност.

Пакиао минатиот викенд во Лас Вегас со едногласна одлука на судиите го загуби мечот за титула првак на светот во валтер категорија во ВБO, ВБА и ВБЦ верзиите.

Спортската комисија на Невада би можела да го суспендира Филипинецот бидејќи не ја пријавил повредата навреме, а љубителите на боксот најавиле тужба бидејќи ги излажал да купат влезници и платите да ја гледаат „борбата на векот“ која не ги оправда очекувањата.

Не е познато колку Пакијао ќе биде отсутен, но лекарите предвидуваат пауза од 9 до 12 месеци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО