Пакијао: Сите сакаат реванш меч со Мејведер

mani Pakijao vo gard

Светскиот шампион во верзијата на Светската боксерска организација (WBO/ВБО) во полусредна категорија, Мани Пакијао, се надева дека повторно ќе излезе на рингот против Флојд Мејведер Јуниор.

Овој месец 37-годишниот Филипинец го победи Џеси Варгас со едногласна одлука на судиите во Лас Вегас. Меѓу гледачите беше и Мејведер, кој минатата година во мај го победи Пакијао.

„Не само јас, но и навивачите сакаат реванш меч, па зошто да не? Можеме да разговараме, нема проблем. Веќе разговарав со менаџерот и го известија дека сакам реванш“, рече Мани Пакијао.

Во првиот меч со Мејведер Филипинецот заработи 140 милиони долари, а Американецот – 210 милиони. Мејведер последната победа и борба ја имаше против сонародникот Андре Берт во септември минатата година во Лас Вегас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON