Пакијао преговара за борба со Ломаченко

Мани Пакијао е во потрега за следната голема борба.

39-годишната легенда од Филипините објави дека започнал разговори со претставниците на Васила Ломаченко. На крајот на годината стапи во контакт со претставниците на Конор Мек Грегор.

Пакијао во рингот планира да се врати во април, кога има пауза на неговите обврски како филипински сенатор.

Неговиот промотор Боб Арум изјави дека ја планира неговата следна борба за 21 април на настанот на кој Теренс Крафорд го предизвикува ВБО шампионот од полусредна категорија Џеф Хорн, кој појасот го освои со контроверзна победа над Пакијао.

Планот е Пакијао да бори со победникот од средбата Крафорд-Хорн, ако договори борба со Ломаченко таа нема да се одржи на настанот во април.

Светскиот шампион во осум тежински категории изјави дека се обидуваат да ја договорат тежината.

„Во тек се преговори со бројот 1 на паунд-фор-паунд листата, а тоа е Ломаченко“, изјави за телевизија АБС-ЦБН/ABS-CBN.

„Се разговара за тежината, односно нејзиното спуштање“, изјави Филипинецот (66,7 kg), додека Украинецот е шампион на ВБО супер-лесна категорија (59 кг).

Претставниците на Ломаченко не намераваат да му допуштат на нивниот боксер да се борат над 61,2 килограми, додека тренерот на Пакијао, Фреди Роуч, на својоот боксер нема да му дозволи да оди под 63,5 килограми.

Пакијао за кратко се пензионираше во 2016 година. Се врати и ја освои титулата на ВБО против Џеси Варгас. Веќе осум години никој не го победил со нокаут.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON