Според управителот на менаџерската компанија Топ ранк, Боб Арум, ѕвездата Мани Пакијао има желба да се врати повторно во рингот.
Како силен аргумент може да се смета тоа што Арум го има резервирано Менделеј беј хотел и казино во Лас Вегас за 15 октомври.
Веројатно е противник на Пакијао да му биде Адриен Бронер.
Да потсетиме дека во април оваа година Пакијао објави повлекувањето од боксот.