Пакијао ќе подели 60 милиони долари во хуманирани цели!

manny_pacman so narod

Мани Пакијао го загуби мечот за титулата во полутешка категорија, но филипинскиот боксер и натаму е повеќе популарен од шампионот Флојд Мејведер.

Пакјао никогаш не заборавил на своето скромно минато, па така и по последната борба од која инкасираше 120 милиони долари, тој објави дека половина од заработката (60 милиони долари) ќе ја донира во хуманитарни цели.

„Половина од сумата ќе заврши во добротворни цели. Не сакаме многу да говориме за тоа, бидејќи секогаш добиваме нови молби за донации“, изјави промоторот на Мани, Боб Арум.

mani i mani

Од друга страна, Мејведер нема намера ниту еден цент да даде на помалку среќните, но затоа боксерот со прекар „пари“, ги преплави социјалните мрежи со фотографии каде тој е сликан со купчиња од кеш. Американецот од последната борба заработи 180 милиони долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON