Home Blog Page 272

Милијана Рељиќ на Олимпијада без сала за подготовки и без пари

Македонската олимпијка Милијана Рељиќ нема сала за подготовки, ниту финансиска поддршка од државата, за настап на Летните олимписки игри во Париз 2024 година. Ова го потенцира нејзиниот тренер Александар Ефтимов, кој објасни дека Рељиќ се подготвува за Олимпијадата на разни терени.

„Веќе една недела сме без сала за подготовки. И покрај упатените повици до надлежните институции, Милијана се уште нема можност да ја користи салата за подготовки за овој значаен светски спортски настан. Во салата каде што тренираме веќе 15 години, имаме професионална таеквондо опрема во вредност од над 10.000 евра и е значајно за подготовките, немаме можност да вежбаме поради летниот распуст на училиштата. Надлежните во основното училиште „Наум Наумовски – Борче” од Маџари не дозволуваат да ја користиме салата”, вели Александар Ефтимов.

Поради ова, тие се принудени да бараат слободни термини во другите сали кои, според Ефтимов, се далеку под квалитетот за подготовка за олимписка норма.

„Поразително е да имаме олимписка надеж, која има шанси да донесе медал од Олимписки игри, а спортските сали да седат заклучени преку цело лето. Ние ќе се бориме, ќе дадеме се од себе да донесеме медал од Олимписките игри во Париз и покрај тоа што немаме сала за тренирање. Оваа година, се уште, немаме добиено ниту денар од ниту една државна институција, ниту поддршка од приватни компании. Затоа, најголем дел од натпреварите и семинарите ги покриваме од лични средства”, вели Ефтимов.

Милијана е актуелна европска клупска шампионка, на последните 9 Г1 турнири има освоено 7 медали а во јули месец се очекува да избие на 5-тата позиција на светската таеквондо ранкинг листа и со големи шанси да освои медал на Олимписките игри во Париз 2024.

Од друга страна, овој проблем со салите, што се провлекува повеќе години треба да се реши, бидејќи со секоја нова учебна година прават нервозни ситуации кај клубовите, кои долги години се закупци. Се губи многу време со секоја распределба.

Државата мора да најде решение за врвните спортисти.

Хабиб: Терористот тренираше во нашата сала, но тој не е наш кадар

Поранешниот шампион на УФЦ, а сега дел од Куќа на славните, Дагестанецот Хабиб Нурмагомедов зборуваше за трагедијата во Дагестан.

Потсетуваме дека на 23 јуни вооружени лица нападнаа црква и синагога во Дербент, како и полициска станица во Махачкала. Има мртви и ранети. Се испостави дека еден од терористите е ММА борецот Гаџимурад Кагиров. Интересно, Кагиров го претставуваше Иглс ММА, тимот на Хабиб Нурмагомедов.

Руските медиуми пишуваат дека го тренирал Абдулманап Нурмагомедов, покојниот татко на легендата на УФЦ Хабиб Нурмагомедов. Хабиб не можеше да не зборува за тоа. Тој призна дека Гаџимурад имал камп со нив, но не бил нивен кадар.

„Луѓето беа убиени на пет минути од мојата куќа. И како може ова да биде нормално? Таму живеат моите деца, мајка ми, целото семејство. Од нас е на 5 минути. Одржувам контакт со луѓето до утрото. Таму убиваат луѓе и спроведуваат специјални операции. Како да реагирам на ова? Дали овие навистина се луѓе? Да, овој Кагиров помина низ тренинг камп во салата.

Ова се случи во 2021 година. Потоа се префрли од борење во слободен стил на ММА. Имаше тренинг камп во нашата сала. Мислам дека остана со нас неколку месеци. Тој не е вработен во нашето училиште. Ова е целосна глупост и не е вистина. Да, тој тренираше со нас некое време, но ниту шест месеци“, изјави Хабиб за Раптли.

Кагиров беше убиен од властите во Дагестан. Руските медиуми јавија дека во нападите загинале 20 лица.

https://twitter.com/journaIite/status/1805160552055845190

Летен камп за млади борачи во Дојран (ФОТО)

Во хотел Истатов се одржува 5-дневен летен спортски камп „Дојран 2024“ на кој учествуваат и млади борачи, односно репрезентацијата во У-15, организиран од Федерацијата на училишен спорт на Македонија.

Кампот го возат Иван Јанев и Гоце Ангелов, а со нив се и борачите на Спартак: Филип Ангелов, Славица Митева, Стојана Митева, Едис Балилов, Даријан Павлев и Јован Илиев.

„На кампот учествуваат сите државни прваци. Имаме учесници од сите градови, после неколку години борењето е дел од овој училиштен спортски камп. Од Кочани, односно Спартак, учествуваат пет борач(к)и кои стана прваци на училиштното првенство, а како награда е кампот“, истакна тренерот Иван Јанев и додаде:

„Со тренинзи почнавме утринава. На располагање имаме убави услови, терен, теретана, базен. Децата се задоволни и се дружат меѓу себе. Од Кочани само борењето има претставници на овој спортски камп, што значи дека се потврдува работата и упорноста на БК Спартак и кој почна да парви шампиони“.

Борец од салата на Нурмагомедов е еден од терористите во Дагестан

ММА борецот Гаџимурад Кагиров беше убиен при серија терористички напади врз цркви и синагоги во два града во Дагестан, претежно муслиманска република во јужна Русија. Напаѓачите нападнаа полициски пунктови и верски објекти, при што убиле најмалку 15 полицајци. Се уште не е познат точниот број на цивилни жртви.

Кагиров (28) бил талентиран борец кој го тренирал Абдулманап Нурмагомедов, починатиот татко на легендата на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов. Тој е со професионален скор од 2-0 под знамето на Игл ММА, тимот на Хабиб. Оваа сала ја финансираше затворениот Зијавудин Магомедов, кој беше познат по поддршката на истакнатите дагестански борци.

Магомедов беше уапсен во 2018 година под сомнение за проневера и се изјасни за виновен во 2022 година. Училиштето за боречки вештини Иглс ММА претходно стана контроверзно кога еден од неговите вработени беше уапсен во отсуство поради обид за убиство на друг борец.

Овој настан фрли сенка врз наводната врска меѓу боречките вештини и борбата против екстремизмот. Самиот Хабиб во минатото покренуваше прашања со поврзување со личности за кои постои сомневање дека имаат врски со тероризам. Тој зборуваше и против ноќните клубови и концертите во Дагестан, што доведе до закани од некои обожаватели.

По неодамнешниот напад, Нурмагомедов изрази сочувство и повика на будност.

„Моето сочувство до сите роднини и пријатели на жртвите, Аллах да не спаси сите од вакви ситуации и да ни подари мирен рај над нашите глави.

Грижете се за себе и за вашите најблиски. Секој нека погледне околу себе и околу своите деца за да види какви луѓе има околу себе. Образованието на душите е поважно од образованието на телото. Дагестан“, напиша Хабиб на Инстаграм.

Убиениот Кагиров бил мајстор во спортот борење во слободен стил. Не е познато што го поттикнало на такви постапки. По нападот Дагестан прогласи тридневна жалост, а локалните власти соопштија дека зад нападите стојат странски сили.

Ентони Џошуа отвора здравствен центар за пензионирани боксери

Откако стана една од најголемите светски професионални боксерски ѕвезди, Ентони Џошуа сака да врати со нешто добро во светот.

Колку и да е голем спрот боксот, учеството во него доаѓа со некои сериозни фактори на ризик. Особено, хронична трауматска енцефалопатија, исто така позната како CTE. Според Медицинскиот факултет на Универзитетот во Индијана, CTE е прогресивна дегенеративна болест која ги погодува луѓето кои претрпеле повторени потреси на мозокот и трауматски повреди на мозокот. Спортистите, особено фудбалерите и боксерите, се најподложни на развојот на CTE.

За време на едно неодамнешно интервју Џошуа изјави дека сака да им помогне на пензионираните боксери кои страдаат од долгорочни здравствени ефекти со отворање дом за нега.

„Тие страдаат сами, па разговаравме за отворање дом за нега“, рече Џошуа. „Тоа ќе биде дел од моето боксерско наследство – дека му вратив нешто на спортот што ме создаде. Единственото нешто на што би се надевал е да го задржам моето здравје недопрено.

Затоа што вашето здравје е најважното нешто што го ставате на линија. Можеме да го забележиме тоа кај борците кога нивното здравје се намалува, но никогаш не зборуваме за тоа меѓу себе. Единственото нешто на што сме фокусирани е победата“.

Неодамнешните студии покажуваат дека меѓу 20 и 40% од боксерите развиваат хронична мозочна повреда или хронично оштетување на мозокот за време на нивната кариера или по пензионирањето. Студијата на Универзитетот во Кардиф, исто така, покажа дека боксерите се изложени на поголем ризик да рано да развијат деменција, при што знаците на болеста се појавуваат пет години порано од оние кои никогаш не боксирале.

CTE првпат беше опишан во 1928 година, но не беше дијагностициран кај никого до 2002 година, а првиот играч на НФЛ Мајк Вебстер беше првиот на кого му беше дијагностицирана.

Џошуа, како и многу боксери пред него, е свесен за ризиците поврзани со неговата професија, но верува дека постојат начини да се преживее и да напредува во спортот со минимална штета на умот и телото.

„Да не боксирав, ќе бев четвртина од личноста што сум, тоа ме направи навистина остар, интелигентен, го изгради мојот карактер, силен ум, силна волја, навистина ми помогна.

Не ми треба многу, не ми треба. Здравјето е важно во овој спорт, но затоа треба да тренирате напорно, затоа мора да тренирате паметно. Правиме многу спаринг, па мора да бидете добри, ако не сте доволно добри, не треба да го правите тоа бидејќи е многу лошо за вашето здравје“.

Џошуа има 28-3 во професионалната боксерска кариера, а 25 од неговите победи се со нокаут. Поранешниот двократен обединет светски шампион во тешка категорија последен пат се појави во рингот во март кога во Ријад се соочи со поранешниот носител на титулата на УФЦ, Френсис Нгану.

Џошуа постигна нокаут во втората рунда, со што ја забави боксерската кариера на Нгану.

Македонија освои 53 одличја на Меѓународниот таеквондо ИТФ турнир „Охрид опен“

Македонските таеквондисти освоија 53 медали – 11 златни, 16 сребрени и 26 бронзени на Меѓународниот таеквондо ИТФ турнир „Охрид опен 2024“ што се одржа во саботата. Во вкупниот пласман Македонија е втора, а првото место и припадна на бројната екипа на Бугарија со 117 одличја (43-29-45), додека на третото место е Србија 18 (5-4-9).  

По клубови, Фалкон од Бугарија е најуспешен со 21 медал – 9 златни, 5 сребрени и 7 бронзени, потоа следат Тајгер тим 18 (7-2-9), Василена 11 (6-2-3), Некст 11 (6-0-5) и домќинот Хва ранг ИТФ од Лескоец-Охрид кој беше организатор со Македонската традиционална теквон-до федерација.

Македонските клубови настапија со следниот борј натпреварувачи: Мастер – 6, Ахилиус 5, Хва ранг ИТФ 19, Сонкал 8, Чонџи 4 и Хва ранг фист 10.

Учестваа над 400 натпреварувачи од 31 клуб од 10 земји во регионов, како Молдавија, Романија, Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Грција, Бугарија, Албанија и Македонија.

„Охрид опен“ е ставен на рејтинг листата на ИТФ, каде што се собираат критериуми за европски и светски првенства.

Мајк Пери: Ќе му одржам лекција на Џејк Пол, ќе го научам нешто што претходно не го знаел

Јутјуберот Џејк Пол наскоро се враќа во рингот. Поранешната ѕвезда на Дизни требаше да се бори со Мајк Тајсон на 20 јули, но боксерската легенда го откажа настапот поради здравствени проблеми.

Наместо таа борба, Пол организираше боксерски меч на истиот датум против борецот на БКФЦ, Мајк Пери. Мечот ќе се одржи во Тампа, Флорида.

Дуелот меѓу јутјуберот и Ајрон Мајк беше договорен за 15 ноември на стадионот АТ&Т во Арлингтон.

„Додека се подготвувам за мојата борба против Ајрон Мајк, за мене нема подобар противник од Мајк Пери. Тој е докажан нокаутер. Безброј пати покажа дека е манијак во и надвор од рингот“, изјави Џејк Пол и додаде:

„Тој меч ќе биде совршено искуство за мене пред дуелот со Мајк Тајсон. Тие што ме познаваат знаат колку ризикувам. „Платинестиот“ Пери ќе се обиде да ме заврши, но јас сум Џејк Пол и не се плашам од никого“.

Проблематичното дете ја бара својата 10-та победа, но Пери е уверен дека ќе му го приреди на Пол вториот пораз во боксерската кариера.

Тој најавува дека ќе се погрижи Пол да сфати дека ја направил „најголемата грешка во својот живот“ прифаќајќи ја борбата со него.

„Џејк Пол тврди дека не се плаши од никого, но во сабота на 20 јули светот ќе ја види вистината – ја направи најголемата грешка во животот со тоа што договараше борба против мене, а пред дуелот со Ајрон Мајк“, изјави Мајк Пери, и подвлече:

„Ќе направам да изгледа лесно и ќе му одржам лекција на Џејк Пол, ќе го научам нешто што претходно не го знаел“.

На Македонскиот бисер во Кочани на душекот ќе се појават над 80 борачи

Во сабота, 29 јуни, во Кочани ќе се одржи 48.Меѓународниот турнир во борење „Македонски бисер“ во организација на Боречката федерација на Македонија и БК Спартак.  

На турнирот ќе настапат над 80 борачи од Македонија, Бугарија, Србија, Буграија, Косово и Албанија. Но, се уште се чекаат потврди на одредени репрезентации.

Македонија ќе настапи со најдобрите борачи, само Владимир Егоров ќе отсуствува од оправдани причини.

За кочанската публика е интересно што ќе настапат домашните борачи Столе Ефтимов, Стефан Штерјов и Расул Шапиев.

Турнирот ќе почне во 11 часот, а свеченото отворање и финалните борби се од 18 часот во салата на ОУ „Никола Карев“.

Пелистерски јунак и Шкупи изедначени на врвот во Првата лига, а Фамилија Демирови лидери во Младинската бокс лига

По 4.коло на Првата и Младинска лига кое се одржа во Тетово во сабота (22 јуни) на табелата во Првата лига Пелистерски јунак и Шкупи се изедначија со по 22 бода, додека Универзалци се трети со 20 поени.

Во Младинската лига нема изненадување, Фамилија Демирови е на врввот со 61 бод, а Пелистерски јунак му се доближи со 52, додека Пинк пантер е на третото место со 29.

Во 4.коло што се одржа во Тетово кај сениорите најмногу бодови освои Шкупи 10, Алексо Огненовски 8, Пелистерски јунак 7, Шкендија но лимит 6, Универзалци 5, Шкупи 3 (по веројатно е дека Штип освоил 3 поени, а тоа значи дека и на табелата ќе има 1 бод повеќе), Куманово 84 2.

Кај младинците Пелистерски јунак освои 19 бодови, Фамилија Демирови 12, Шкендија но лимит 10, Алексо Огненовски 9, Пинк пантер 6, Куманово 84 5, Шкупи 4 и Фајтер Илери 2.

Во билетените се наведува дека нема забелешки на судењето, а Пелистерски јунак изразува незадоволство од некои резултати, како и на некои случувања кои не се во доменот на фер-плејот.

Прв пат нема резултати, туку само се болдирани победниците.

Од друга страна, имаше забелешки во јавноста зошто се боксира на отворено при екстремни темепратури.

Боксерите во Младинската лига се од 14 до 17 годишна возраст, а оние од 17 до 18 години и над 18 години се натпреваруваат во Првата сениорска бокс лига.

-Решивме натпреварите да се одржат на отворено бидејќи Тетово нема спортска сала, а училишните спортски сали не се климатизирани па ако борбите се одржуваа во нив, сигурно ќе беше уште пожешко и полошо за натпревар. Да, топло е надвор но ова се млади момчиња, издржливи се и нема да има проблем што борбите се одржуваат на отворено. Битно ни е да се популаризира овој спорт. Првин се борбите во категориите кадети и јуниори и тие се натпреваруваат во младинската лига и се на возраст од 15 до 17 години, а оние боксери кои се со 17 и 18 години и над 18 години се натпреваруваат во Првата лига. На денешниов натпревар пријавени се 15 боксерски клубови. Во текот на годината имаме 8 кола, а ова денес е последното коло во пролетниот дел, по што продолжуваме со натпреварите на есен, изјави Фатон Салиу, претседател на боксерската федерација на Македонија.

Бокс мечевите се одржаа на отворено бидејќи во Тетово нема климатизирана спортска сала.

Резултати – 4.коло Прва и Младинска лига:

Кадети
40 кг Резон Красниќи (Шкендија но лимит) – Алишан Рустемовски (Пелистерски јунак)
40 кг Мухамед Мехмедов (Пинк пантер тим) – Михаил Аврамовски (А. Огненовски)
48 кг Арабел Рустемовски (Пелистерски јунак) – Ајети Севим (Скопје)
50 кг Џанер Билали (Куманово 84) – Туран Демиров (Фамилија Демирови)

Јуниори
48 кг Христијан Стојановски (А. Огеновски) – Илија Ѓоргиев (Пелситерски јунак)
54 кг Имери Ануар (Фајтер илири) – Сонер Ајрушов (Ф. Демирови)
60 кг Рашити Самир (Куманово 84) – Синиша Талевски (Пелистерски јунак)
63 кг Димитар Ѓоревски (А. Огненовски) – Лиридон Ештрефи (Пелистерски јунак)
66 кг Ерион Саити (Шкендија но лимит) – Андреј Јовчевски (Пелистерски јунак)

Младиници
63,5 Ардијан Рустемовски (Пелистерски јунак) – Луан Сулејмани (Шкупи)
71 кг Рахим Демир (Куманово 84) – Методија Петкоски (Шкендија н.л.)
75 кг Наум Стојановски (А. Огненовски) – Нуиш Хисени (Чаир)

Сениори
75 кг Енис Алиу (А. Огеновски) – Михаил Трајчевски (Пелситерски јунак)
+92 кг Нино Шрињариќ (Универзлаци) – Ардијан Аземи (Шкупи)

Табела

Прва бокс лига  –4.коло

1.Пелистерски јунак         22
2.Шкупи                           22
3.Универзалци                  20
4-5.Шкендија но лимит     18
4-5.Алексо Огненовски     18
6.Ас 12
7.Штип                               9
8.Синди                              7
9-10.Аперкат                      6
9-10.Јордан Мијалков         6
11-12.Илинден                    5
11-12.10/60                        5
13.Фамилија Демирови        4
14-15.Чаир                          3
14-15. Нокаут                      3
15-16.Пинк пантер тим         2
15-16.Куманово 84               2

Табела

Младинска лига – 4.коло

1.Фамилија Демирови    61
2.Пеилистерски јунак    52
3.Пинк пантер тим         29
4.Алексо Огненовски     25
5.Шкендија но лимит     23
6.Ас                              19
7. Куманово 84              11
8.Шкупи                        10
9.Штип                            8
10.10/60                          6
11.Фајтер-Илери              4
12.Борец                          1

Таи Туиваса доби нова шанса по четири порази во низа. Бам Бам наскоро се бори со Розенструик

Австралискиот ММА борец Таи Туиваса загуби четири борби во низа (Сирил Гане, Сергеј Павлович, Александар Волков и Марчин Тибура), но сепак е дел од списокот на УФЦ.

Имено, Бам Бам ја договори следната борба, а противник ќе му биде Жаирзињо Розенструик на 17 август на настанот УФЦ 305 во Перт.

Борецот од Суринам има само две победи во последните пет натпревари. Во последната борба во март го победи Шамил Газиев со прекин по четвртата рунда.

Тоа е многу важен меч за двајцата тешкаши, а особено за Туиваса, кој со нов пораз веројатно би ја запечатил својата судбина во најголемата светска ММА организација.

IPON