Падни-стани скијање на Хабиб (ВИДЕО)

Хабиб Нурмагомедов беше несовладлив во октагонот и боречката кариера ја заврши со фантастични 29 победи и без ниту еден пораз. Дагестанецот важи за еден од најдобрите во историјата на ММА, а сега имаше можност да се испроба и во скијањето.

Тој изминатите неколку дена ги мина во Јута, САД, на скијање, а вештините кои ги покажа повеќе личеа на „падни-стани“, отколку на скијање. Сепак, најважно е дека се мина во најдобар ред и без повреди.

Легендарниот Дагестанец на Инстаграм објави неколку снимки од скијањето во Америка, а секоја од нив завршуваше со негово паѓање на патеката.

„Уште еден одличен викенд во Јута. Овој пат мислев дека сум професионалец, но тоа беше почетокот на сите мои проблеми. Заштитете се во секое време. Се надевам дека ќе бидам подготвен да се борам наутро“, напиша Хабиб на Инстаграм.

Подобро е да се определи за фудбалот, каде што покажа многу добри вештини.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО