Ентони Џошуа од рингот го прозва Дионтеј Вајлдер, веднаш по победата на Џозеф Паркер. Вајлдер го држи единствениот појас што му недостасува на Џошуа.
„Вајлдер ајде. Одиме! Доведете ми го во рингот, ќе го нокаутирам“, изјави Џошуа.
Но, синоќа не успеа да го нокаутира Паркер, првпат во своите 21 победа, но борбата со Вајлдер би била нешто посебно, а на Американецот не му требаше многу за да прифати.
„Каков грабеж! Паркер, одличен меч, ти не направи ништо погрешни, вистински шампион си. Џошуа, прифаќам 100 проценти!“, напиша Валјдер на Инстаграм, покрај едно видео, кое беше негова реакција по борбата. Патем, сметал дека судиите неправедно му ја дале победата на Џошуа.
https://www.instagram.com/p/BhAT6jBnij-/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_profile_upsell_logged_in_test
Потенцијалната борба меѓу Џошуа и Валјдер ќе го донесе апсолутниот светски шампион во бокс, во супер-тешка категорија, затоа што што Џошуа во синоќешната борба му го одзеде на Паркер појасот во ВБО-верзијата, одбранувајќи ги сопствените во ВБА, ИБО и во ИБФ. Единственоит што му недостуга е оној во ВБЦ, а него го поседува Вајлдер. Се очекува допрва да биде договорен датум за оваа борба.