Како и што најави, Алистер Оверем го совлада фабрицио Вердум, а потоа го повика Стипе Миочиќ на нова пресметка.
Иако одлука според многумина беше контроверзна. Рем верува дека е исправна и дека како такво повторно го турка во шанса за напад на тешкашкиот престол. Еден од најуспешните борци во историјата веќе најде и идеална локација за овој меч, а тоа е за легендарниот Медисон сквер гарден.
„Го сакам Стипе Миочиќ во борбата за титулата во тешка категорија. По можност во Медисон сквер гарден. Од последните борбата со него се развив како борец и научив многу од тоа. Тогаш тој беше доминантен и имаше добри перформанси против Јуниор дош Сантош. Од поразите се учи и јас научив од тој пораз. Ги прилагодив некои работи во тренингот. Мои карти сега се поинаку измешани и едвај чекам да му ја покажам мојата нова рака“, рече Оверем по средбата во Лас Вегас.
Да потсетиме, Стипе го нокаутираше Оверем на крајот на првата рунда од мечот на УФЦ 203.