Останаа уште неколку часа до почетокот на УФЦ Фајт најт 184 во Лас Вегас. Главната борба ќе се води во тешка категорија меѓу легендарниот Алистер Оверем и Александар Волков.
Влогот е голем за „Рем“, кој влегува во борба со серија од две последователни победи со нокаут. Тој сонува за последна шанса за титулата во УФЦ, а поразот може да го натера да се повлече од ММА.
Во коглавната битка ќе го видиме поранешниот шампион во лесна категорија Френки Едгар. Тој ќе се бори во петел категорија против Кори Сандхаген.
Главна карта:
Алистер Оверем – Александар Волков
Кори Сандхаген – Френки Едгар
Марион Рено – Мејси Кијасон
Александар Пантоја – Манел Капе
Коди Стаман – Аскар Аскар
Карлос Диего Фереира – Бенеил Дариуш
Прелиминарни:
Мајкл Џонсон – Клеј Гвида
Мајк Родригез – Данило Маркес
Тимур Валиев – Мартин Деј
Девонте Смит – Џастин Џејнс
Карол Роса – Џозелин Едвардс
Моли Мекен – Лара Прокопио
Сеунг Ву Чои – Јусеф Залал
Ода Озборн – Џером Ривера