Оверем и Волков ќе се сретнат во февруари

Судирот во тешка категорија меѓу Алистер Оверем и Александар Волков ќе биде главен на УФЦ Фајт најт на 6 февруари, објави шефот на УФЦ, Дана Вајт.

Тие се на петатат и шестата позиција на ранг-листата, а се уште не е официјално објавено каде ќе се одржи битката. Оверем (47-18) е кон крајот на кариерата, но се уште не се откажа од својот сон за освојување на титулата во УФЦ. 40-годишниот ветеран беше блиску до тоа во 2016 година кога го предизвика шампионот Стипе Миочиќ, но загуби со нокаут на крајот од првата рунда. Во последните пет битки, Оверем има само еден пораз, и тоа од Жаирзињо Розенструик.

Додека Волков (32-8) бара шанса за титулата, како во 2018 година. Беше пред победа за појасот, но загуби од Дерик Луис. Во последниот меч, Русинот го победи Волт Харис на 24 октомври во Абу Даби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON