Овековечен „Патот на олимпискиот шампион“ – Шабан Трстена!

saban-trstena-za-knigata

На 7 декември во хотелот Александар палас во Скопје ќе се промовира „Патот на олимпискиот шампион“, книга посветена на најуспешниот спортист во Македонија, олимпискиот шампион Шабан Трстена.

Книгата ги опфаќа животот и 19-годишната спортска кариера на олимпискиот шампион, Шабан Трстена, од 1977 до 1996 година.

„Патот на олимпискиот шампион“  ја напишаа и редактираа  Сефер Таири, Решат Ибраими и Флорим Реџепи и шампионот Шабан Трстена. Инаку, печатењето е во режија на Трстена.

sbana-trstena-za-knigata-2

Се работи за најавтентична и најсеопфатна книга посветена на животното и спортското дејствување, книга во која се прави историски фактографски опис на сонувањата, предизвиците, тежнеењата и постигнувањата на олимпискиот шампион, Шабан Трстена.

„Патот на олимпискиот шампион“ ќе ја промовираат претседателот на Македонскиот олимписки комитет, д-р Васил Тупурковски, проф. д-р Беким Телаи, како и авторите на книгата. На промоцијата ќе бидат сите оние кои учествувале во градењето на успесите и неговите најблиски.

Вусшност, ова едниствена така обемна книга за еден шампион.

Засега книгата е испечатена само на албански јазик, бидејќи нема финасиер да се преведе и испечати на македонски јазик.

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON