Владимир Кличко по поразот од Ентони Џошуа со нокаут во 11-тата рунда за светската титула во тешка категорија на Вембли во Лондон ја даде првата изјава и доби овации на отворена сцена.
Џошуа стана нов светски шампион, обединувајќи ги појасите во ИБФ, ВБА и ИБО верзиите. Кличко покажа зашто е почитуван секаде. Доби овации и во Лондон, останувајќи без зборови…
„Лондон, Лондон… Ве сакам и јас. Се надевам дека уживавте во борбата. Вечерва победи подобриот. Ова е голем настан за боксот. Двајаца џентлмени се бореа еден против друг, а Ентони беше подобар. За мене е тажно што не успеав да победам. Планирав, но едноставно не одеше. Сепак, огромна почит за Ентони, навистина му честитам“, рече Кличко.
Украинецот дополни и дека во договорот за овој меч има клаузула за реванш против Џошуа, па било каков разговор за борба против Тајсон Фјури би можел да биде запрен.