Иако е најпознат по својот „долг јазик“, најдобриот британски ММА борец, Мајкл Биспинг е познат и по своите боречки квалитети.
Како најава на неговата саботна борба против Даловеј, УФЦ објави еден видео запис со негови пет најдобри нокаути.
Во својата богата боречка кариера има вкупно 25 победи и седум порази, а дури 15 пати го нокаутираше противникот.
УФЦ како најава за неговата саботна борбата против ЦБ Доловеј одлучи да понуди компилација од неговите пет најдобри нокаути во рамките на организацијата, а на Биспинг да се обиде на таа листа да го додаде и името на ЦБ Доловеј. Кои се досегашните пет жртви нема да ви откриеме, најдоброто е да ги погледне сами.
https://youtu.be/N2dyDiRZ4HQ