Дали Џон Џонс ќе се бори со Том Аспинал, е прашањето што во моментов најмногу ги интересира фановите на ММА. По сето она што беше кажано меѓу борците, дефинитивно ќе биде огромна борба, за што е свесен и самиот Џонс, па рече дека сака навистина големи пари доколку УФЦ ја сака борбата.
Наместо Аспинал, Џонс ги порозва Алекс Переира, но и Џамахал Хил и Дерик Луис. Дана Вајт многу јасно стави до знаење дека го сака мечот Џонс против Аспинал, а легендарниот борец на УФЦ, Чаел Сонен, се согласува:
„Сега ќе ви кажам на сите која е позицијата на УФЦ – Џонс има две опции. Да се бори со Аспинал или да не се бори. Никој друг нема да му биде понуден. После сето тоа, името на Алекс Переира повеќе не е на неговата листа на можности“, изјави Сонен во поткастот Гуд гај/ бед гај.
„Дана едноставно ја прецрта таа борба, а обложувалниците се 6-1 во корист на Џонс. Таа борба повеќе не е опција. Џон може да седи и да не се бори воопшто, тоа е вистина. Сепак, нема да биде во позиција да се бори со некој друг. Значи, опциите за него се или да се пензионира или да се бори против Том Аспинал“, додаде тој.
Доброто е што УФЦ нема да попушти пред желбите на Џонс и на маса ќе го стави само она што секој сака да го види. Се разбира, парите исто така се обврска да бидат огромни, па ако Џонс не го земе и тоа, очигледно ќе мора да се пензионира и да им објасни на фановите зошто не го зел Аспинал, дури и за невидени пари.