Што мислите за идејата Федор Емилијаненко во своето враќање да ги вкрсти ракавиците со М-1 шампионот во полутешка категорија Стефан Пуц? Впечаток е всушност дека М-1 Глобал тргнува или е во мисија на агитирање овој меч и да се обистини, или добиле задача да го испитаат пулсот на јавноста, која, буквално ја исплука на првата фрлена јадичка.
Што точно станува збор? Еве едно кратко објаснување.
Веднаш штом беше објавено дека во монетов Федор нема да се натпреварува во УФЦ или во други сериозни ММА промоции, но дека дебито ќе го направи на новогодишната ноќ во новата јапонска организација, започнаа шпекулациите околу тоа. Дали ќе се работи за голема ѕвезда и сериозни име? Или Федор само ќе се загрева, односно да добие „топовско месо“?
Првата јадичка беше фрлена, а тоа беше кикбоксерот од Индија, Синг Џаидееп, и буквално беше исплукана од страна на јавноста и фановите. Американските портали отворено зборува во контекст на мечот со подсмев, иако немаше официјална потврда. Потоа дојде демант од реално неинволвирана страна. Претседателот на М-1 Глобал и поранешниот менаџер на Федор, Вадим Финкелштајн, негираше дека Рускинот ќе се бори со Џаидееп, но јапонската промоција ја нарече „матмна“. Тој истакна дека немал каквобило влијание врз изборот на Федор на промоцијата, а рече дека М-1 има борци, кои би можеле да застанат наспроти „Последниот император“.
Само еден ден подоцна, фрлена е нова јадица. Официјалната ФБ страна М-1 Глобал објави фотографија на нивниот шампион Стефан Пуц со графички приказ на Федор. Покрај сликата стоеше реченицата:
„М-1 LHW шампион Стефан Пуц (13-1) е подготвен да се бори против Федор Емилијаненко“.
Во продолжение е напишана кратка биографија на Пуц, во која се напишани само суперлативи. Се за да се пофал М-1 шампионот и се покаже дека е достоен противник за Федор.
Тој навистина е тоа и нема сомнение дека е многу посериозен противник отколку, да речеме Синг. Германецот во профи кариерата има само еден пораз, а во М-1 Глобал се уште е непоразен со големи победи против Немков, Миранда, Мјашинков и Тибуре. Вистинското прашање кое се наметнува е кој е мотивот за тоа на Финкелштајн за тоа. Без разлика дали тоа е потег кој е координиран со Федор и јапонската промоција? Или ова е обид да се турка сопствениот бренд и нивниот борец?
Во секој случај, одговорот наскоро ќе се добие. Федор се уште е топ тема во светот ММА медиумите.