Тунискиот борач Амин Гиехичи e отстранет од учество на Олимпијадата откако е суспендиоран четири години. Причината е што тој одби да се подложи на допинг тестови и ја освои норматата за Париз кога доби забрана за учество на меѓународни натпревари, објави Ројтерс.
25-годишниот спортист минатата година освои златен медал на Арапските игри во категоријата до 130 килограми, но падна на допинг тестовите.
„Минатиот ноември екипа од Антидопинг комисијата отиде на тренинг во комплексот каде што се подготвуваше. Тунискиот државјанин одбил да ги пушти испитувачите во неговата соба, а неколку часа подоцна им дал примерок од урина. Беше негативен, потоа му беа направени крвни тестови, но и тие беа негативни. Тој падна на следните допинг тестови, што резултираше со четиримесечна забрана за турнири. Тогаш нелегано учествуваше на натпревари и освои норма за Париз“, се вели во официјалното соопштение.
Спортистот и Туниската федерација не се согласуваат со одлуката и ќе се жалат, но тешко дека ќе му дозволат на Гиехичи да учествува на Игрите во Париз.