Сите видовме претходно оваа година на настанот УФЦ 300 дека не треба да ги допирате борците непосредно пред борбата додека нервите си го прават своето. Додека Арман Царукјан се движеше кон кафезот, навивач од публиката фрлил нешто кон него, што многу го налутило борецот на УФЦ кој реши да се качи на оградата и да го удри со тупаница.
Тоа го направи Царукјан, по што беше казнет со 25 илјади долари и дури девет месеци без борба. Сето тоа го натера УФЦ да го гледаат Царукјан како човек кој не може да се контролира, односно човек со висок ризик, па за во иднина примени посебни безбедносни мерки за него:
„Се заебав и сега УФЦ ми даде специјален телохранител. Погледнете ја оваа машина, тие сакаа да се уверат дека никогаш повеќе нема да удрам навивач. Тој ќе ме заштити мене, ти ќе ме заштитиш мене брат, нели?“, рече Царукјан во неодамнешниот блог на Јутјуб каналот на УФЦ.
После тоа веднаш се префрли на приказната за борбата за титулата:
„Мојот менаџер ми рече дека ќе се борам за титулата на почетокот на следната година, па затоа сум возбуден. Се надевам дека по овој настан и официјално ќе соопштат каде се борам за неа. Веќе ми ги кажаа времето и местото каде ќе биде, УФЦ го знае тоа, па мислам дека ќе биде официјално следната недела“, објасни тој.
Така, Царукјан отсега доаѓа во кафезот на УФЦ со посебни безбедносни мерки. Доколку случајно сериозно го повредеше споменатиот навивач, целиот УФЦ ќе беше во големи проблеми, па овој потег дефинитивно вреди.