Отпаѓа борбата со Мек Грегор?: Мислам дека конечно е време да признаам оти нема да има борба

Мајкл Чендлер последен пат беше во кафезот на УФЦ во ноември 2022 година, кога загуби со гушење во третата рунда од Дастин Пориер. Наскоро ќе поминат две години од тој меч, а Чендлер цело време го обвинуваше Конор Мек Грегор за неговата неактивност.

Американецот и Ирецот веќе подолго време се во преговори за пресметка. Очекувајќи голем профит, Чендлер инсистираше да ја чека борбата со Мек Грегор кој постојано го одложуваше неговото враќање. И покрај советите на многу релевантни луѓе во светот на боречките вештини кои му велеа дека никогаш нема да ја види таа „борба за пари“ против ирската суперѕвезда, Чендлер сепак веруваше.

Неговата желба беше речиси исполнета. Имено, дуото требаше да влезе во кафезот на 29 јуни на настанот УФЦ 303 во Лас Вегас, но повредата на малиот прст го принуди Мек Грегор да ја откаже борбата само две недели претходно.

Се чини дека Чендлер конечно се помири со фактот дека нема да ја дели арената со „Ноториус“. На социјалната мрежа Х 38-годишникот напиша:

„Не е важно луѓе… Мислам дека конечно е време да признаам дека нема да има борба. Тој е само во втората од вкупно седум фази на тагување поради тоа што неговата кариера е завршена. Мислев дека до сега ќе биде поблиску до петтата фаза. Со среќа“.

Тој чекаше речиси две години, а му се наближуваат 40 години. Можеби сепак требало да го послуша советот?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО