Откриена е причината поради која полицијата на аеродромот во Краков го приведе Усик

Откако во средата на социјалните мрежи се рашири видео од аеродромот во Краков, каде Александар Усик беше приведен со лисици на рацете, многу луѓе ја бараа причината за таквото однесување на полицијата.

Сопругата на непоразениот украински боксер и менаџер на Усик, Егис Климас изјави дека станува збор за недоразбирање, а како што пренесува ЕСПН, сега е откриена причината поради која Александар бил приведен.

„Од сигурен извор дознавме дека Усик е уапсен откако се обидел да се качи на лет за Валенсија, каде што требаше да ги започне подготовките за реваншот против Тајсон Фјури. Усик и неговиот тренер Сергеј Лапин беа приведени откако службеник на аеродромот оцени дека не се способни за патување.

Усик објасни дека се е во ред и дека се само исцрпени од 14-часовното патување од Киев. Но, Усик не успеа да ги убеди полицајците дека не се под дејство на никакви супстанци и полицијата ги приведе“, се вели во извештајот.

Украинскиот боксер по краток престој во полициските простории на аеродромот е пуштен на слобода, а на социјалните мрежи објави дека се е во ред.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON