Александар Ракиќ и Јан Блахович не се откажаа од нивната пресметка откако поранешниот шампион поради повреда го откажа настапот за 26 март на настанот УФЦ Фајт најт 205.
Веќе подолго време се бара втор датум и повторно преговарање за борбата, а оваа информација ја откри еден од боречките тренери на Ракиќ.
Српскиот борец моментално се подготвува во Гетеборг за еден од најважните натпревари во кариерата.
Доколку Ракиќ го победи Блахович, наскоро би можел да добие шанса да го нападне шампионскиот појас.
Александар во Шведска дополнително работи на своите боречки техники, тренира со браќата Бабак и други.
Меѓу нив е и Арасто Неџад, кој на својот Инстаграм објави неколку фотографии со Александар и во описот го откри датумот на борбата.
„Беше сурова недела со шампионот Александар Ракиќ. Ти посакувам се најдобро за претстојната борба на 14 мај во УФЦ“, напиша Арасто Неџад, а Ракиќ одговори:
„Ти благодарам што секој ден ме туркаш, тоа ми помогна многу“.