Откажан Глори 76, Бадр Хари е позитивен на коронавирус

Боречиот спектакл „Глори 76“ закажан за 7 ноември во Ротердам е откажан откако се дозна дека Бадр Хари е заразен со коронавирус.

„Во моментов сум во домашен карантин и добро се опоравувам, болен сум неколку дена. Се сфативме многу сериозно од почетокот на епидемијата и презедовме безбедносни мерки околу Ковид-19, но за жал дојде до зараза. Ова ни покажува колку сериозно треба да го сфатиме овој вирус. Во моментов ми треба пауза и ќе продолжам да тренирам што е можно поскоро ’, напиша Бадр Хари преку Инстаграм.

https://www.instagram.com/p/CGhVyXYlAw1/?utm_source=ig_embed

Мароканскиот кикбоксер требаше да се бори против Романецот Бенјамин Адегбај во главната борба на настанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON