Освојувачот на бронзениот медал Стефан Стојановиќ пречекан во Макпетрол со сите почести

Освојувачот на бронзениот медал на Светското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Венеција, Италија, Стефан Стојановиќ (+84 кг) синоќа беше пречекан во матичниот клуб Макпетрол со сите почести.

Таму беа сите другари од клубот предводени од стратегот на Макпетрол, Бошко Заборски кој не го криеше задоволството од успехот на Стефан, како и тренерот Петар Заборски кој се рехабилитира од повредата.

Стојановиќ е единствениот каратист од македонската карате репрезентација кој освои медал на СП. Тој во борбата за златниот медал го совлада Германецот Николаи Секот со 3-2, и тоа со пресврт, бидејќи противникот ги освои првите два поени.

На Стојановиќ ова му е втор медал од младинските шампионати, бидејќи пред две години во Коња, Турција, освои сребро. Тој е единстевн каратист од Македонија со две одличја од два мунијала во У-21. Стефан е прв на Светската ранг-листа на ВКФ во категоријата над 84 килограми во У-21.

Резултати – Светско првенство за кадети, јуниори и У-21:

+84
Стефан Стојановиќ – Алишер Таижан (Казахстан) 1-0
Стефан Стојановиќ – Константин Ковуров (неутреален) 2-1
Стефан Стојановиќ – Етан Смол (Канада) 4-1
Стефан Стојановиќ – Матео Аванзини (Италија) 3-3
За бронза
Стефан Стојановиќ – Николаи Секот (Германија) 3-2

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON