На Меѓународниот турнир во борење „Македонски бисер“ во сабота на 10 мај во Скопјe, во составот на репрезентацијата Вардар ќе партиципира со осум млади борачи.
Од Вардар за репрезентацијата ќе настапат:
61 кг Земри Авдили
70 кг Стефан Зашков
74 кг Марко Андонов
79 кг Александар Марковски
86 кг Реџеп Таири
86 кг Адам Модосјан
97 кг Александар Марковски,
125 кг Кирил Малчев
Повредените Магомедгаџи Нуров, Ахмад Магомедов, кои се на рехабилитација, нема да можат да настапат, велат од Вардар и нагласуваат дека Македонскиот бисер е генерална проба и контрола пред почетокот на Европското првенство до 20 години за 74 кг Александар Миланов, 86 кг Реџеп Таири и 97 кг Александар Марковски.
Исто така ова е контрола и за Светското првенство до 23 години за потенцијалните претставници 74 кг Марко Андонов, 86 кг Адам Модосјан и 125 кг Кирил Малчев.
Еден од тренерите на репрезентацијата ќе биде Штерјо Митров.