Македонските каратисти остануваат без медал на Светското карате првенство за сениори во Мадрид, Шпанија. Само Азиз Исмаил има теоретски шанси за медал, ако неговиот противник се пласира во финалето. Нашата голема надеж, европскиот првак, Емил Павлов, е поразен во првото коло од Белгиецот Дасул со 0-1 кој изгуби во наредната борба.
Во поединечна конкуренција не се борела уште Сара Радичевска, така што таа е последниот наш адут за медал.
Досега медал на светските првенства освои само Жарко Арсовски – бронза во 2010 година во Белград.
Утре на програмата се екипните настапи на Светското првенство.
На Светското првенство учествуваат 1251 натпреварувач од 140 земји во светот.
Светското првенство е најголема шанса за доближување до Олимписките игри во Токио 2020 година, односно за најголем скок на ВКФ ранг листата, за која бодувањето почна од Азиските игри и продолжи низ двете кола од Премиер лигата.
Дополнување
Беслан Мизов од Русија загуби во полуфиналето со 1-2 од Бахман Асагари од Иран, така што Азиз Исмаил не доби шанса во репасажот.
Сара Радичевска е поразена од Шенон Ниши од САД со 0-1.
Македонија на СП:
60 кг
Емил Павлов – Мишел Дасул (Белгија) 0-1
67 кг
Давид Петков – Икбољон Казаков (Узбекистан) 1-2
-75
Азиз Исмаил – Павел Аратамонов (Естонија) 3-1
Азиз Исмаил – Томас Скот (САД) 2-0
Азиз Исмаил – Беслан Мизов (Русија) 1-4
-50 кг
Сара Радичевска – Шенон Ниши (САД) 0-1`
-55 кг
Јована Георгиева – Карла Буркит (Англија) 2-0
Јована Георгиева – Истри Агунг (Индонезија) 0-1
-61 кг
Наташа Стефановска – Рене Мариа Вонг Алварез (Гватемала) 5-0
Наташа Стефановска – Џиана Лотфи (Египет) 0-4
Екипно борби
жени
Македонија – Јужна Африка
Македонија – во 2.коло Израел/ Ангола
Ipon.mk