Османоски ја брана светската титула: Мечот е во 5 рунди, а јас сум подготвен за 10!

Beni vo stav

Бени Османоски утре ја брани светската титула за професионалци во мај тај во Бил, Швацарија, каде и што живее. Борбата е дел од настанот „ FIGHT 4 GLORY IV“, кој се одржува секоја година.

Beni plakat skraten

„Многу добро сум подготвен за оваа борба. Тренирав на врвно ниво и применував разновидни тренинзи. Подготвен сум на се. Мечот е пет рунди, а јас сум подготвен за 10. Барем така се чувствувам“, изјави за Ipon.mk Бени Османоски.

Бидејќи мечот ќе и биде посветен на Организацијата на заболение од „рак“, така што поголем дел од парите од овој насатнт ќе бидат донирани. Затоа прашавме колкава заработка може да очекува?

„Не можам да кажам колкава ќе биде добивката, но дел од целата заработка на вечерта ќе биде дадена за хуманитарни дела“, вели Османоски.

Тој вели дека се му е подготвено за мечот, од облека до појас за титулата. А за противникот Омер Коцак ќе рече:

„Знам дека е многу подготвен и дека навистина е добар и достоен борец за мене,  затоа доби шанса да ме предизвика за титулата“, констатира Бени.
ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON