Османи и Фетаи оштетни од судиите во Сараево

KK Fati vo Saraevo

Денес и вчера во Сараево, Босна и Херцеговина, се одржа карате турнирот „Илиџа опен 2015“, на кој учествуваше екипата на КК Фати – Гостивар-Тетово.

Доан Османи во категоријата до 76 килограми во јуниорска конкуренција и Илли Фетаи 52 кг во кадетска конкуренција се поразени во третото коло, откако извојувале по две победи.

Сепак, турнирот на кого имало 1100 натпреварувачи, имал катастрофално судење, што е една од причините за елиминацијата на Османи и Фетаи.

-Но, за мене, во овој момент, е најважно да имаат меѓународни натпревари, резултатите се во втор план, – кратко ни изјави тренерот на КК Фати, Арлинд Хусеини.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON