Осман Демиров со успех работи во Германија: Со мојот тим сакам да го претставам македонскиот бокс во Европа

Поранешниот бокс репрезентативец Осман Демиров, кој настапуваше за Баргала од Штип, веќе три години работи како тренер во Германија во Умах фајт клуб во билизина на Хамбург и може да се пофали со успех.

Имено, неговиот ученик Захел, по четиримесечна работа, со нокаут во првата рунда го совлада противникот Марко Пешиќ.

„Намерата ми е со мојот тим да го претставам македонскиот бокс во цела Европа. Наскоро ќе има нови мечеви“, вели Демиров.

Осман вели дека една од целите е да донесе боксери на Златниот гонг во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON