Канело Алварез е подготвен да оди на Флојд Мејведер, кој му го нанесе првиот пораз во боксерската кариера во 2013 година. Флојд е пензиониран и божемно не сака да се бори, но кога с ево прашање големи пари се расонува. Знам дека „Мани“ е подготвен на се за пари и затоа Оскар де ла Хоја е уверен дека е можна втора битка меѓу Канело и Флојд, а ќе биде за милијарда и половина, сума што ќе го врати од пензија Мејведер.
Канело Алварез: Сум кажал, многу би се радувал да му се реванширам на Флојд за поразот. Но, тој не одговара на моите предизвици. Дури и да не се случи втор меч, ќе продолжам по патот и ќе правам историја. Подготвен сум да се борам со Флојд и да им дадам голема борба на навивачите.
Оскар де ла Хоја: Флојд е пензиониран и нема борб што може да ја организираме во моментов со негово учество. Ако сака да се врати, мислам дека мора да престане да се бори со помалите борци. Ако Флојд одлучи да се врати, верувам, втората битка со Алварез ќе биде за милијарда и половина. Секако, и јас ќе земам дел од парите.
Канело Алварез ќе се бори против Даниел Џејкобс во мај, а Флојд тврди дека има понуди за нови борби во Јапонија, од кои ќе направи милиони.