Поранешниот светски шампион во бокс, Оскар Де Ла Хоја, со големо задоволство би ја следел пресметката на поранешниот шампион на УФЦ Френсис Нгану и сопственикот на појасот на ВБЦ, Тајсон Фјури.
Голден бој верува дека Камерунецот може да боксира неколку рунди против Џипси Кинг.
„Нгану би можел да издржи неколку рунди, но Фјури е во него доживотно. На Фјури му давам предност, на крајот на краиштата, тоа е негов спорт“, рече Оскар де ла Хоја и продолжи:
„Но, ако се борат во кафез, тогаш тоа е друга приказна. Нгану би го принудил да се потчини или да го нокаутира за околу 30 секунди. Тоа се два различни спорта“.
Американецот смета дека нивниот судир би бил одличен и за двата спорта, но сепак преферира бокс.
„Тоа би бил голем настан за боксот, би бил мега борба како во минатото кога се бореше Мајк Тајсон. Многу се зборува за тој натпревар, тоа би било голема борба“, изјави Оскар Де Ла Хоја.
Промоторот има желба да го запознае Нејт Дијаз со боксот.
„Би сакал да разговарам со Нејт Дијаз, има многу можности за него. Мечот против Џејк Пол веднаш ми паѓа на памет, подвлече Оскар де ла Хоја.