Поранешниот светски шампион во полусредна категорија во верзија на ВБО, 38-годишниот Филипинец Мани Пакијао објави дека е подготвен за реванш меч против Австралиецот Џеф Хорн, кој на изненадување на сите го победи Пакијао. Сепак, многумина сметаат дека победата требаше да му припадне на Филипенецот.
Мани загуби во скандалозната крвава битка од Џеф Хорн пред 50.000 гледачи на стадионот во Бризбејн, Австралија. Во светот се поделени мислењата, но во поголемиот дел с евели дека Пакијао победил и незаслужено е поразен.
„Подготвен сум за реванш без никакви сомневања. Ва нашиот договор имаше опција за реванш, така нема да има проблем со тој меч“, изјави Мани Пакијао по мечот.
https://twitter.com/CTPmusica/status/881466052898672640
https://twitter.com/RommelMacanda/status/881468228353916930
https://twitter.com/DBloom451/status/881484793921372160
https://youtu.be/-dj9esk2kfY
https://youtu.be/9huaymgEL6o
.