Операција го исфрла Физиев надвор од терените до крајот на годинава

Казахстанскиот УФЦ борец во лесна категорија Рафаел Физиев ќе се оди на принуден одмор до крајот на 2022 година.

29-годишниот стручњак за мај тај изминатиот викенд ја доби последната борба против поранешниот шампион Рафаел дос Анчос, но „Атаманот“ ќе мора да оди на операција.

Извори блиски до организацијата и Физиев јавуваат дека натпреварувачот ќе биде на операционата маса поради проблеми со носот, што ќе го држи надвор од кафезот најмалку до декември.

Операцијата е закажана за во среда (13.07), а не е познато дали операцијата била на дневен ред пред борбата со Анчос или проблемите настанале за време на неговата борба на УФЦ Вегас 58.

Физиев е во серија од шест победи во УФЦ, при што Казахстанецот постојано заработува бонуси за борба на вечерта или за најдобра изведба во неговите последни пет меча.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON