Коронавирусот се одрази и на спортот, се затворија сите спортски сали, така што беше онвозможено да се тренира. Како и во многу други професии и во спортот досетливоста и и иновативноста проработија за да се одржува континуитетот на вежбање, но и моралот. Еден од првите клубови кои спроведе онлајн вежбање е Клубот за реален аикидо Нико и Кардио фитнес Нико од Кочани.
Овие два клуба со тренинзи започнаа многу успешно со онлајн тренинзи од пред месец и половина и досега се имаат пријавено голем број на членови (преку 250 членови) од сите градови од нашата земја, како и од повеќе други земји од соседството и пошироко.
Тренинзите за реален аикидо се во понеделник среда и петок од 18:00 ч, а тренинзите кардио фитнес се секој ден (освен недела) од 20:30 часот.
Тренерите Николчо Гоцев и Марија Гоцев велат дека интересот е се поголем и во тек е пријавувањето на нови членови за месец мај.
Сигурно се прашувате за кого се се наменети овие тренинзи.
Буквално за секого, не е важна возраста, полот. Важно е да се истакне дека може да трените сами или заедно со членови од вашето семејство или ваши пријатели. Се тренира од кој и да било дел во светот, без разлика дали во својот дом, на гости, во хотел и слично.
Како сето ова функционира и не се ограничува на локални рамки, туку ги минува и границите на Македонија?
„Многу едноставно. Инсталирате „ЗООМ“ (Zoom), се логирате со вашите податоци, одите на „Јоин“ (Join) и го внесувате мојот ИД во „Меетинг ИД“ и пасворд (лозинка). Во однапред договорениот термин за тренинг сите одиме на „ЗООМ“ и тренираме околу еден час“, објаснува Гоцев.
За да вежбате реален аикидо од дома ви треба Кимоно или тренерки, шишенце со вода и простор од околу 4 м2 (2м х 2м). За кардио фитнес тренерки или хеланки, маичка, вода за пиење, крпа, подлога за вежбање, две тегчиња (или две шишенца со вода или песок) и простор од околу 4м2 (2м х 2м).
За оние кои заинтересирани да вежбаат и сакаат да се пријават или да добијат повеќе информации во врска со начинот и методите на работа може да контактираат и преку месинџер со м-р Николчо Гоцев – носител на мајсторски појас 2 дан во реален аикидо и 1дан карате, фитнес тренер и м-р Марија Гоцева – сертифициран персонален фитнесс тренер и на 078/372-407 и 078/322-823.
Нивното мото е „Вежбај дома со –Нико“ за да дојдете до топ форма без да одите во вежбални, без да трошите пари за превоз и опрема и можете да уживате во удобноста на вашиот дом.
На нашите простори се новитет, меѓутоа брзорастечки тренд поттикнат од зголемената динамика на денешниот модерен живот и немањето на доволно слободно време, а со помош на дигиталната ера, Интернетот отвара нови можности за иновативен пристап кон здравјето и здравиот живот. Онлајн тренинзите може да бидат од голема помош за вас и вашето семејство.