Чарлс Оливеира има многу храбар сон – да се бори со Конор Мек Грегор и Нејт Дијаз во една ноќ.
Бразилецот успеа да забележи победа во првата рунда против Џастин Гејџи во главната борба на УФЦ 274 минатиот викенд. Шампионот во лесна категорија влезе како шампион, но титулата му беше одземена поради неуспехот на меерњето.
Иако моментално не е шампион, 32-годишниот борец не се оддалечи од правење гласни предизвици.
„Сакам да соборувам рекорди. Сакам да се борам двапати во една ноќ. Можам да го нокаутирам Конор и да го заклучам Дијаз”.
Ирецот Мек Грегор, поранешен шампион во две категории и Дијаз се две од големите ѕвезди во ММА.
Оливеира очигледно ќе бара вакви натпревари од кои ќе заработи многу пари.
„Имам ќерка и морам да ја обезбедувам.
Ваквите битки ќе бидат доста профитабилни, и тие се добри за моето резиме. Затоа сепак се борам“.
За жал, Конор не е обожавател на овој предлог:
„Ќути, копиле, и врати се во гетото и пријави се“.
Дијаз се уште го нема дадено одговорот на Оливеира на овој предизвик.