Откако ја загуби титулата поради неуспешно мерење пред УФЦ 274, Чарлс Оливеира ќе добие шанса да си ја врати. На 22 октомври „До Бронкс“ ќе се врати во октагонот против Ислам Махачев. Тие ќе се борат во Абу Даби.
Пред да биде најавен овој меч Оливеира изрази огромна желба за борба со Конор Мек Грегор кога Ирецот ќе реши да се врати во октагонот.
Дури и причината за прифаќање на борбата со Махачев на негова територија е потоа да побара борба со Мек Грегор.
„Тоа би било совршено. Сакам борба со Конор во Бразил, се надевам дека ќе успее“, изјави Оливеира.
„Ова е единствената причина зошто прифатив борба со Махачев.
Колку повеќе победи имам, толку поблиску ќе бидам до борба со Конор“.
Според гласините, Конор тренира за камбек во јануари, кој ќе биде против Оливеира.
Би го советувал Мек Грегор да внимава кои зборови ги користи, особено кога зборува за мене“, заклучи Оливеира.