Чарлс Оливеира ќе ја брани титулата во лесна категорија против поранешниот привремен шампион Џастин Гејџи. Нивната битка ќе биде дел од борбената мапа на УФЦ 274 на 7 мај. Се шпекулира дека настанот ќе биде во Бразил, но тоа не е потврдено. Гејџи бил загрижен дека Конор Мек Грегор ќе го претекне во борба со Оливеира, но тоа очигледно нема да се случи.
Оливеира има скор 32-8-1 во ММА и е во серија од 10 последователни победи. Тој доаѓа по одбраната на титулата над Дастин Пориер. Чарлс заврши 29 од своите натпревари и седум пати беше завршен. Тој го држи рекордот за победа и завршница на УФЦ. Оливеира е рекордер по добиени бонуси, ги има 18. Во последните 10 победи Оливеира зграпчи 8 бонуси.
Гејџи, пак, има скор 23-3 во ММА и доаѓа по победата над Мајкл Чендлер. Џастин заврши 20 од своите средби, 19 со нокаут. Трипати беше завршен и е поранешен привремен шампион. Гејџи има 6 победи и 3 порази во УФЦ. Тој е меѓу најатрактивните во лесна категорија и има освоено 9 бонуси во неговите 9 УФЦ борби.